Продолжува серијата познати личности чии домови беа уништени од разорниот пожар во Лос Анџелес. Новите „жртви“ беа актерот Џеф Бриџис и Кенди Спелинг, мајка на актерката Тори Спелинг.
Менаџерот на Бриџис потврди за ТМЗ дека куќата во која живеел актерот со семејството изгорела до темел. За ова зборуваше и Кенди Спелинг, која живееше во вилата вредна 24 милиони долари со нејзиниот сопруг, продуцентот Арон Спелинг.
<imgsrc=”” alt=”🇺🇸” class=”wp-smiley”><imgsrc=”” alt=”🔥” class=”wp-smiley”> Malibu wildfires have left many, including Candy Spelling, homeless as raging flames devastate the area. This destruction underscores the persistent threat of wildfires in Southern California.#Malibu #California #MalibuFires #CaliforniaWildfires #JeffBridges #CandySpelling pic.twitter.com/EdjapiFe6L
— T&T News (@t_t_news_) January 9, 2025
„Во шок сум и се обидувам да ја сварам оваа голема загуба за нашето семејство. Неизмерно сум благодарна за спомените. Куќата ни беше прекрасен подарок“, коментираше Кенди. Нејзиниот пријател Џош Флаг, исто така, рече дека бил погоден од загубата на куќата на Кенди, каде што порано го поминувал времето.
Џеф и Кенди сега се приклучија на листата на познати личности чии домови беа уништени од пожарите кои беснеат во Лос Анџелес. Меѓу нив се Лејтон Мистер и Адам Броди, Парис Хилтон, Џејмс Вудс, Били Кристал, Ентони Хопкинс и многу други.