Супер јахтата „Go“, вредна 75 милиони евра, е снимена како удира во марината во Св. Мартин на Карибите. Инцидентот се случил во средата.

Јахтата со силен и елегантен изглед кој има хелиодром, базен, па дури и сопствена болница удрила во марината и уништила дури и бетонски делови.

Се чини, причината за оваа несреќа е компјутерска грешка. Имено, се верува дека грешка во работењето на компјутерот довела до тоа јахтата неконтролирано да продолжи да се движи и со ненавремено запирање да го погоди бетонскиот блок.

Штетата на јахтата била видлива веднаш штом ја извлекле од марината, а засега нема податоци колку ќе чини поправката на јахтата и марината, но сигурно е дека тоа ќе трае со месеци.