Денес, според проценките на Обединетите нации (ОН), светот доби осум милијарди луѓе, а едно бебе родено во Манила стана симбол на тој факт.
Advertisements
Како што пренесуваат локалните медиуми, Винис Мабансаг, која е родена во „Д-р Хозе Фабела“ меморијалната болница во Тондо на 15 ноември, е избрана да биде осуммилијардитиот човек во светот.
LOOK: Meet baby girl Vinice Mabansag—isa sa sumisimbolo bilang ika-8 bilyong tao sa mundo. Ipinanganak siya sa Dr. Jose Fabella Memorial Hospital kaninang 1:29am. | @gmanews pic.twitter.com/RQE0NSZCjm
— Nico Waje (@nicowaje) November 14, 2022
„Штотуку бевме сведоци на осуммилијардитото бебе во светот на Филипините. Нејзиното раѓање го чекавме околу два часа, стигнавме во 23 часот, а бебето се роди во 1:29 часот, со нормално породување“, изјави д-р Ромео Битуин, главниот лекар на болницата.