Кога велиме „road-trip“ не мислиме само на патување. Да се седне во автомобилот и да се вози од место во место е повеќе од самиот чин на тркалање на четирите гуми и запознавањето со нови облици и предели…
Тоа е состојба на умот исто колку што е и акција, ултимативна пречка во слободата, а дури и кога немаме каде да одиме, да се повозиме барем малку низ празните улици од градот ни дава чувство дека некаде сме побегнале и малку сме се поместиле од монотонијата.
Втора опција за возење е бегството преку филм, а оние филмови чија тема се случува на некое патување се совршен избор за ова. Па така, во време кога патувањата во светот ни се забранети и недостижни, и нашето движење е ограничено до најблискиот маркет или работното место, ви претставуваме неколку филмови кои ќе ве однесат на отворен пат, ќе ви додадат гас и ќе ве повикаат на авантура.
Уживајте ова попладне во нив:
Y Tu Mama Tambien
Thelma and Louise
American Honey
The Adventures of Priscilla, Queen of the Desert
Little Miss Sunshine
Crossroads