Товарниот брод „Ex-Press Pearl“, кој патувал од Индија до Шри Ланка, го потресе експлозија рано утрово.
Бродот со 25 тони азотна киселина се запалил во близина на пристаништето Коломбо. Шри Ланка распореди поморски авиони и бродови за да помогне во гаснењето на пожарот.
Екипажот е евакуиран, а најмалку осум контејнери, од кои се претпоставува дека некои содржат киселина, паднале во морето.