Полскиот министер за одбрана денеска изјави дека побарал од Германија одобрение за Полска да испорачува тенкови Леопард на Украина. „Германија веќе го доби нашето барање да го прифати трансферот на тенковите Леопард 2 во Украина“, напиша Мариуш Блашчак на Твитер. Тој го повика и Берлин да им се придружи на земјите кои ја поддржуваат Украина со предавање на тенковите.

Германската министерка за надворешни работи, Ана Баербок, вчера изјави дека Германија „нема да ѝ застане на патот“ на Полска доколку таа земја сака да испрати тенкови „Леопард 2“ во Украина. Украина ги повика западните земји да и ги испратат овие тенкови од германско производство, за кои верува дека ќе ѝ помогнат да ја порази Русија на бојното поле.

Прикажи повеќе