Светската здравствена организација даде за тоа колку и каков вид на вежбање ни треба дневно во зависност од возраста.
Деца под една година
За малите деца најважни се менталните вежби и активностите како што се зборувањето, оние кои го поттикнуваат когнитивниот развој и игрите на отворено. Треба да се поминува околу 30 минути на ден во вакви активности.
Деца од една до две години
СЗО препорачува минимум три часа дневно за физички вежби со секаков интензитет.
Деца од три до четири години
Најмалку 60 минути треба да се посветат на активности со висок интензитет, а останатите 120 минути на нешто порелаксирано.
Деца од пет до 17 години
СЗО смета дека се неопходни околу 60 минути аеробни вежби со умерен или висок интензитет. На оваа возраст корисни се и вежбите за зајакнување на коските.
Возрасни од 18 до 64 години
СЗО препорачува 150 до 300 минути умерена аеробна физичка активност неделно за возрасни. Доколку е интензивно вежбање, од 75 до 150 минути. Што се однесува до вежбите кои вклучуваат сила, тие треба да се практикуваат најмалку два или три дена во неделата.
Постари од 65 години
Според Светската здравствена организација, во трето доба треба да ги следите упатствата за возрасни, но да ги приспособите на вашата физичка состојба. Тие исто така велат дека има потреба да се фокусираме на подобрување на стабилноста и силата. Тие препорачуваат вежбање три или повеќе дена во неделата.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.