Твитер е недостапен на повеќето мрежи во Турција денес, во услови на зголемени критики на владата поради лошиот одговор на разорниот земјотрес оваа недела.
Новинарите на АФП не можеа да пристапат до социјалната мрежа во различни делови на Турција. Платформата работеше со користење на VPN услуги кои ја откриваат локацијата на корисникот и главно се бесплатни.
„Турција има богата историја на ограничување на социјалните мрежи за време на вонредни времиња“
Сајтот што ги следи социјалните мрежи netblocks.org објави дека Твитер прво бил тежок за пристап, а потоа целосно блокиран на мрежите на сите поголеми телекомуникациски компании.
„Турција има богата историја на ограничување на социјалните мрежи за време на вонредни и безбедносни инциденти“, се вели на страницата.
Турската полиција уапси 18 лица по земјотресот во понеделникот поради „провокативни“ објави на социјалните мрежи во кои се критикува начинот на кој владата на претседателот Таип Ердоган се справува со катастрофата.
Турските власти постојано предупредуваа на ширење на дезинформации пред изборите на 14 мај на кои Ердоган ќе се обиде да го продолжи своето 20-годишно владеење.