Уште една убавица ја воодушеви публиката на еден значаен настан во Лос Анџелес: Камила Алвес, сопругата на славниот актер Метју Меконахи.

Бројни ѕвезди и личности од светот на шоу-бизнисот се собраа по повод еден посебен настан. Во Лос Анџелес беше отворен Lucas Museum of Narrative Art, а по тој повод се одржа и вечерна забава што ги обедини љубителите на различни уметнички правци.

Камила Алвес, сопругата на познатиот Метју Меконахи, ја искористи можноста да заблеска на настанот, придружувана од еден посебен гостин.

Камила се појави во асиметричен фустан-корсет во живописни бои. Оваа впечатлива креација совршено го следеше нејзиното тело и ја истакнуваше нејзината фигура, додека страничниот шлиц му даваше заводлива нота на целокупниот изглед.

Судејќи според кројот и дизајнот на тоалетата, Камила се погрижи нејзината облека да биде во склад со природата на настанот; фустанот се одликуваше со спој на живописни портокалови и длабоки кафеави нијанси.

Така, комбинацијата на Камила беше повеќе од обично парче облека – таа претставуваше вистинско уметничко дело. Што се однесува до нејзиниот придружник, таа пристигна со својот 18-годишен син Леви, кој се одлучи за класична елеганција: црни панталони и сина кошула.

Може слободно да се каже дека младиот Леви личи на својата мајка, бидејќи ја наследил нејзината карактеристична бразилска убавина.

Текстот (Фото) Сопругата на Метју Меконахи маѓепса со својот изглед е превземен од МАКФАКС.