Се договоривме да ја продолжиме борбата против заедничките непријатели на терористичките организации ИСИС, ПКК и ФЕТО, истакна Ердоган, додавајќи дека во регионот „нема да има благосостојба се додека тероризмот не биде искоренет“.

Турција изврши голем број копнени и воздушни напади врз бунтовници на Курдската работничка партија (ПКК) во северниот дел на Ирак, последен пат во јуни во операцијата под име „Тигрови канџи“.

Анкара и нејзините западни сојузници – САД и ЕУ, ја сметаат ПКК за терористичка организација.

Ердоган изрази надеж дека ирачко-турскиот нафтовод, кој ИД го оштети за време на судирите, наскоро ќе биде поправен и ќе продолжи со продажба на нафта на светскиот пазар.

Извор:МИА