84-годишна жена, по потекло од Србија, почина на плажата Ханиоти на Халкидики, и покрај напорите на спасувачите на вода, еден доброволец-спасувач и тимот на брзата помош да ја реанимираат, објавија грчките медиуми.
Според изјавата на доброволецот-спасувач, двајца спасувачи веднаш интервенирале на лице место, преземајќи стандардни мерки кои вклучувале употреба на дефибрилатор, давање медицински кислород и започнување постапка за реанимација.
Напорите за реанимација продолжиле со помош на самиот доброволец-спасувач, Јоанис Колокитас, како и на медицинскиот персонал од брзата помош кој пристигнал на местото на настанот.
И покрај сите напори, жената не можела да биде спасена.
Текстот Жена од Србија почина на плажа на Халкидики е превземен од МАКФАКС.























