МНОГУ луѓе одвојуваат доволно време да размислат пред да донесат важна одлука за да се уверат дека нема да направат грешка. Сепак, некои луѓе се избрзани и не размислуваат добро дури и ако се соочени со донесување на клучна животна одлука, па често прават грешки за кои подоцна се каат. Овие три хороскопски знаци имаат тенденција да ги носат најлошите одлуки:
Овен
Овој огнен знак е познат по својата нестрплива природа. Овните немаат време ниту волја да размислуваат за секој детал. Кога донесуваат одлуки, тие секогаш ги следат своите чувства и инстинкти бидејќи се убедени дека тоа е единствениот правилен начин. Бидејќи не размислуваат за последиците од нивните постапки, тоа често им оди преку глава.
Риба
Рибите се склони кон донесување сомнителни одлуки. Секогаш се плашат дека ќе згрешат, па премногу размислуваат или бараат мислење од другите, но тоа психички ги исцрпува. На крајот, тие се толку збунети и изгубени во мислите што често го избираат најлошото можно решение. Треба повеќе да се потпираат на својата интуиција, а помалку на туѓите мислења. Не смеат да дозволат другите да влијаат врз нив.
Стрелец
Стрелците обично донесуваат важни одлуки во жештината на моментот. Овие луѓе во сè гледаат само добри страни, но таквиот пристап им оневозможува да ги согледаат потенцијалните недостатоци и последици од нивните постапки. Сепак, овие непоправливи оптимисти не се многу погодени затоа што живеат во моментот, а за проблемите ќе размислуваат кога ќе се појават.