Селекторот на бразилската фудбалска репрезентација, Тите, во пресрет на четвртфиналниот натпревар на Светското првенство против Хрватска изјави дека максимално ги почитува светските вицешампиони.

Advertisements

Аденор Леонардо, попознат како Тите, го презеде Бразил во јуни 2016 година, откако Дунга беше отпуштен поради лошите резултати на Копа Америка. Пред тоа ги водеше Коринтијанс, Палмеирас, Гремио, Атлетико Минеиро и голем број други клубови.

Откако Бразил под негово водство беше елиминиран во четвртфиналето на последното Светско првенство во Русија од Белгија (1:2), Тите беше изложен на критики. Тој тогаш се правдаше дека имал само две години за да го состави тимот. Но, сега нема простор за изговори. Бразилската јавност сака шеста титула. Ден пред натпреварот изјави дека ги почитува актуелните светски вицешампиони.

„Имаме многу талент, добра екипа сме, упорни сме, а за да постигнеме успех сакам моите играчи да го повторат тоа што го направија досега. Кој е подобар ќе оди понатаму. Мора да истакнам дека имаме максимална почит кон Хрватска, тие се светски вицешампиони“, изјави Тите.

Прикажи повеќе