Манчестер Jунајтед уште долго ќе го памети дебаклот против Ливерпул (0-7) на „Енфилд“, а тренерот Ерик Тен Хаг веднаш реши да преземе конкретни чекори и пречкрта шест фудбалери кои ќе бидат ставени на трансфер-листата.
Британски „Сан“ пишува дека убедливиот пораз го разбудил раководството на „Олд Трафорд“, па по разговорите со Тен Хаг било решено на трансфер-листата да завршат Хари Мегваер, Антони Марсијал, Скот Мектоминеј, Ентони Еланга, Арон Ван Бисака и Виктор Линделоф.
Дел од овие фудбалери добиваат мала минутажа кај тренерот на „ѓаволите“, па Тен Хаг сака да се ослободи од нив за да може да се засили со квалитетни фудбалери кои ќе му помогнат во остварување на целите./Sport1.mk/