Европскиот првак Реал Мадрид во осминафиналето од Лигата на шампионите ќе игра против Ливерпул во реприза на поранешното финале во елитното европско клупско натпреварување. Ќе се „тресе Европа“ од дуелот меѓу Пари Сен Жермен и Баерн Минхен.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас со Наполи за ривал во осминафиналето ќе го има Ајнтрахт Франкфурт, актуелниот освојувач на Лига Европа.

Англискиот шампион Манчестер Сити за ривал годоби Лајпциг, а Клуб Бриж ќе игра против Бенфика. Антонио Конте со Тотенхем ќе има италијански предизвик против Милан.

ЛИГА ШАМПИОНИ – ОСМИНАФИНАЛЕ

Лајпциг – Манчестер Сити

Клуб Бриж – Бенфика

Ливерпул – Реал Мадрид

Тотенхем – Милан

Ајнтрахт Франкфурт – Наполи

Борусија Дортмунд – Челси

Интер – Порто

Псж – Баерн Минхен

Прикажи повеќе