„Сунѓерот Боб“ е под цензура – најмалку две епизоди од популарниот цртан филм се отстранети од стриминг сервисот „Парамаунт Плус“ поради „несоодветна содржина“, поради „кражба на гаќички“ и епизодата со Кеба Краба, кој е во карантин поради симптоми на вирус сличен на коронавирусот .
Конкретно тоа се епизодите „Mid-Life Crustacean“ од 2002 година и „Kwarantined Krab“ од 2019 година, во која Кеба Краба е во карантин поради случај на „чуден грип“, пренесува „Fox News“.
Епизодата „ Mid-Life Crustacean“ била отстранета од стриминг услугата заради сцената во која Сунѓерот Боб, Патрик и Кеба Краба одат „во лов на гаќи“ пребарувајќи по фиоките со долна облека на мајката на Кеба.
Епизодата „Kwarantined Krab“ исто така била отстранета, поради нејзината сличност со пандемијата на коронавирусот.
Како што изјави за IGN портпаролот на „Никелодион“, причината за отстранувањето е што акцијата се базира на „приказната за вирусот“, па затоа тие „решиле да не ја емитуваат поради чувствителниот момент поврзан со пандемијата“.
Тој исто така изјавил дека следело отстранување и на епизодата „ Mid-Life Crustacean“ затоа што „одредени елементи од приказната не се соодветни за децата“.