Стопанска банка донираше хируршка и лапараскопска опрема на Универзитетската клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“. Со донираната опрема се подобруваат капацитетите и се овозможува долгорочна поддршка за се поголемиот број на пациенти велат од клиниката.

Advertisements

„Клиниката „Св.Наум Охридски“ има посебно место во заедницата и е од големо значење за јавното здравство. Во Стопанска банка поттикнати од заложбите и од вложениот труд но и од високата професионалност на здравствените работници на Клиниката, во континуитет обезбедуваме помош преку разновидни донации со што ја оправдуваме смислата на нашиот слоган „На ваша страна“, вели Диомидис Николетопулос- Претседател на Управниот одбор Стопанска банка.

„Минатата година од вкупно извршени 2.500 операции околу 600 од нив се токму изведени по лапараскопски пат. Тоа ја потенцира важноста на оваа донација која ја реализира Стопанска банка. Во име на сите вработени и во мое лично име сакам да им се заблагодарам на оваа донација“, изјави Д-р Љубен Арсенков- Директор на клиниката Св. Наум Охридски“.

Прикажи повеќе