Рахим Стерлинг го напушти кампот на репрезентацијата на Англија, поради грабеж кој се случил во неговиот дом. Офанзивецот на англискиот тим се врати за да биде покрај најблиските. Неколку дена по инцидентот, 28-годишникот тргна назад кон Катар и ќе биде на располагање на Герет Саутгејт до крајот на турнирот.

Advertisements

Стерлинг ангажира дополнително обезбедување по грабежот во неговиот дом и не сакаше да ја напушти земјата, додека не биде сигурен дека семејството е во сигурни раце. Саутгејт допрва ќе треба да направи проценка дали тој е подготвен да биде дел од тимот на натпреварот против светскиот шампион Франција во четвртфиналната фаза.

Напаѓачот на Челзи, кој има 20 гола во 81 натпревар, не можеше да учествува на никакви подготовки оваа недела и помина низ тешки искушенија./Gol.mk/

Прикажи повеќе