Благодарение на успехот на масовната вакцинација и драстичното подобрување на епидемиолошката состојба, премиерката Ана Брнабиќ и Кризниот штаб на Република Србија официјално го одбележаа 21 јуни како ден кога Србија ќе се врати во нормален живот и повторно ќе бидат дозволени фестивали и концерти.

Instagram
Instagram

Овој план го креира патот кон целосно отворање на земјата што ќе се одбележи со прославата на 20-годишнината на фестивалот „Егзит“, планиран за 8-11 јули на тврдината Петроварадин во Нови Сад.

„Благодарение на успехот во масовната вакцинација и постојано подобрувачката епидемиолошка состојба, желбата е да се отвори земјата за собири, концерти и фестивали за Светскиот ден на музиката на 21 јуни. На овој начин, ние покажуваме грижа за менталното здравје на младите и на дело ја потврдуваме нашата стратегија за развој на креативните индустрии. Одржувањето на фестивалот „Егзит“, со кој се гордее нашата земја во светот, ќе биде еден од важните симболи на победата над пандемијата“, изјави премиерката на Србија, Ана Брнабиќ.

„Егзит“ и другите големи српски фестивали минатиот петок започнаа национална кампања за вакцинација насочена кон младите, а рекордно нискиот број на новозаболени во земјата придонесува за бранот оптимизам. Како придонес кон општата безбедност, на самиот фестивал, Министерството за здравство на Србија ќе обезбеди вакцини за 1.500 странски изведувачи и посетители на „Егзит“. Исто така, „Егзит“ одвои 3.000 влезници за отворањето на фестивалот на 8 јули, кои ќе им бидат поделени на медицинските работници.

Фото: EPA-EFE/MASSIMO PERCOSSI

„Егзит“ и другите српски фестивали започнаа национална кампања за вакцинација минатиот петок. Тоа е единствениот начин да се постигне зацртаната заедничка цел – да се вакцинираат повеќе од 50 проценти од возрасната популација на Србија пред 21 јуни, дополнително да се намали дневниот број на нови случаи и да се помогне во борбата за менталното здравје на младите. Во моментов, потребно е да се вакцинираат околу 5 проценти од возрасните додека не се постигне таа цел, а Србија исто така бележи пад од 95 проценти од заразените на дневно ниво во последните неколку недели.

Водечките српски музички фестивали неодамна презентираа протокол создаден во согласност со најновите научни истражувања ширум Европа, кој потврдува дека, со одредени ограничувања за влез на настани, ризикот од ширење на инфекцијата е скоро занемарлив.

Протоколот предвидува дека оние кои биле вакцинирани ќе можат да влезат на фестивалите, оние кои имаат потврда дека веќе прележале ковид-19, оние кои имаат негативен тест или антитела. Овој протокол исто така претставува силна мотивација за младите да се вакцинираат, бидејќи главната мотивација за оваа возрасна група за вакцинација е враќање во нормален живот.