Бројот на баратели на азил кои чекаат одлука за нивниот случај во Велика Британија се искачи на рекордно ниво, па така во 2022 година 89 илјади лица поднеле барање за азил во таа земја, што е најголем број во последните 19 години.

Во моментов 166 илјади луѓе чекаат одговор, а од таа бројка 110 илјади чекаат одговор повеќе од шест месеци, покажуваат официјалните податоци, пренесе „Би-Би-Си“.

Британската Влада соопшти дека го укинува претходното барање на околу 12.000 баратели на азил да им бидат направени интервјуа „лице в лице“ и наместо тоа тие ќе пополнуваат прашалници.

На сите баратели на азил и натаму ќе им бидат извршени задолжителни безбедносни проверки, а барања на тие кои нема да го пополнат прашалникот ќе им бидат повлечени.

Најголем број баратели на азил доаѓаат од Сирија, Еритреја, Јемен, Либија и Авганистан./slobodnaevropa/

Прикажи повеќе