Со Мастерс завршницата и финалето на Дејвис Купот спуштена е завесата на тениската сезона. Време е за програсување на најдобрите. Светскиот рекет број 1 во женска конкуренција Ига Швјонтек е прогласена за тенисерка на годината, според Женската тениска асоцијација (ВТА).

Advertisements

Полската тенисерка оваа година ги освои Грен слем турнирите Ролан Гарос и УС Опен, како и турнирите во Доха, Индијан Велс, Мајами, Штутгарт, Рим и Сан Диего. Швјонтек во 2022 година оствари 68 победи.

Најдобри парови се Барбора Крејчикова и Катерина Синиакова од Чешка. Овој пар ги освои титулите на Австралија опен, Вимблдон и УС Опен. Тренер на годината е Дејвид Вит, кој е тренер на Џесика Пегула.

Прикажи повеќе