Есенскиот првак и лидер на табелата во Првата лига, тимот на Струга Трим Лум, за нов шеф на стручниот штаб го именува албанскиот стратег Шпетим Дуро. Тој потпиша договор до крајот на сезоната 2023/24 и ќе има мисија да ја донесе шампионската титула во Струга, а ќе му помага Меритон Гега.

„Ја имаме честа да му посакаме добредојде на професорот Шпетим Дуро, на неговата нова функција шеф на стручен штаб на ФК Струга Трим Лум. Го запознавме со капацитетите, инфраструктурата, играчите, техничкиот штаб и раководството на клубот, обидувајќи се да му олесниме да започне со својата нова мисија. Дуро го изрази своето задоволство од човечкиот и спортскиот потенцијал на клубот.

Дуро има долга кариера со клубови каде раководеше со КФ Партизани, Влазниа, Скендербеу, Шкендија идр. Нашата соработка со него е договорена до крајот на сезоната 2023-2024. На техничкиот персонал како асистент на тренерот ќе се врати и тренерот Меритон Гега“, објави фудбалскиот клуб Струга Трим Лум.

Прикажи повеќе