Во Шпанија е разбиена меѓународна криминална група и запленето е рекордно количество синтетичка дрога.
Полицијата одзела 827.000 таблети екстази, 76 килограми амфетамини, 310 килограми хашиш и други супстанци.
Во полициската акција приведени се 11 лица, меѓу кои има и државјани на Шпанија и Холандија, како и на Италија, Колумбија и Романија.
Тие се обвинети за незаконска трговија со наркотици, членство во криминална организација и за незаконско поседување на оружје.