Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека најавената мобилизација во Русија ќе опфати 300.000 илјади руски резервисти. Во интервју за руската државна телевизија, Шојгу рече дека студентите и оние кои служеле како регрути нема да бидат повикани и дека поголемиот дел од 25 милиони руски резервисти нема да бидат регрутирани. Шојгу оцени дека Русија во Украина се бори против Запад.
„Целата сателитска мрежа на НАТО работи против Русија во Украина“, рече Шојгу, додавајќи дека западни команданти во Киев ги воделе операциите против Русија. Тој додаде дека Русија досега во војна загубила 5.937 војници.