Уште една вечер на Венецискиот филмски фестивал беше обележана со парада на познати ѕвезди на црвениот тепих, а една Русинка шармираше многумина со само еден моден потег.

Венецискиот филмски фестивал одамна започна и ќе трае до 12 септември. Бројни познати дами имаа можност да ги покажат своите беспрекорни креации, вклучувајќи ја и прекрасната Ирина Шајк. Прво, таа нè шармираше со својот секси стајлинг кој откри многу, а потоа ја покажа и својата друга, повоздржана страна.

За премиерата на филмот „L’Estranea“, таа избра монохроматско издание, црна тоалета украсена со интересен крој. Станува збор за малку лабава креација карактеризирана со отворен грб, впечатлив момент од целото издание, долги и кратки ракави и плисови во пределот на стомакот.

Наместо класични салонки, кои се соодветни за ваков настан, Ирина избра чизми, со што им даде до знаење на многумина дека сака да експериментира со модата и трендовите.

Сепак, најголемото изненадување беше бјути сегментот, имено, познатата манекенка носеше минимална количина шминка, нагласувајќи го својот природен изглед и стареењето на кожата на лицето.

Таа ја стилизираше косата во класична пунџа што дополнително го истакна нејзиното лице.

Текстот (Фото/Видео) Шармираше со својот секси стил, а потоа и со природниот изглед – затоа е фатална жена е превземен од МАКФАКС.