Емирот на Катар, шеикот Тим бин Хамад Ал Тани, кој стои зад катарскиот обид да го купи Манчестер јунајтед, дојден е во Париз за да ја заврши работата со аргентинскиот велемајстор Лионел Меси, на кого во декември лани му го предаде златниот пехар за светската титула на Аргентина освоена на Мундијалот во Катар.
Ал Тани доаѓа за лично да разговара со Меси, а се чекаше да помине синоќешниот прв меч од осминафиналето во ЛШ на ПСЖ со Баерн, за да се забрза работата со новата соработка, која веќе месец ипол се најавува дека е на чекор до официјализација, откако Аргентинецот и „светците“ имаат усмен договор за двегодишна соработка и вкупни преку 100 милиони евра на контото на фудбалскиот велемајстор.
Меси сака да остане во ПСЖ, најмногу поради фактот што сака да игра во Европа и на највисоко ниво. Според најавите, Ал Тани доаѓа да му даде богатство и тоа од 40 милиони евра по сезона, а плус уште 30 милиони за Меси и семејството за потписот на договорот. Или вкупни 110 милиони евра