Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, синоќа изјави дека физичкиот интегритет на украинската нуклеарна централа во Запорожје, која беше заземена од руските сили на почетокот на инвазијата врз Украина била нарушена.. „Физичкиот интегритет на централата е постојано нарушен“, рече Гроси по обиколката на централата и враќањето на територијата контролирана од украинските сили заедно со дел од тимот на МААЕ. Гроси рече дека неколку членови на тимот ќе останат во Запорожје до недела или понеделник за детално да ја проучат состојбата на електраната. Тоа е најголемата електрана во Европа, која беше цел на напади што ги зголеми стравувањата од нуклеарна катастрофа.