Цените на горивата во Германија бележат остар раст, при што литар дизел или бензин во одредени делови од земјата чини околу 20 центи повеќе во однос на претходниот ден.
Просечната цена на дизелот на германските бензински пумпи во саботата напладне достигнала 2,56 евра за литар, откако претходно била за околу 20 центи пониска. Иако вакви нагли промени се забележуваат и во други денови, цените вообичаено повторно се намалуваат за кратко време.
Овојпат, сепак, високата цена се задржала и во 13 часот. Дизелот уште во петокот достигнал нов месечен максимум, со просечна дневна цена над 2,38 евра за литар.
Според германскиот автомобилски клуб АДАК, највисоката досега регистрирана цена на дизелот во Германија изнесувала 2,446 евра за литар, а била забележана на 7 април.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.



















