Рачно изработената шапка што ја носеше Харисон Форд во филмот „Индијана Џонс“ од 1984 година се очекува да биде проценета во опсег од 150 до 250 илјади долари.
„Продуцентите ја нарачаа шапката кај лондонскиот производител на шапки, Херберт Џосон. Тоа е една од најпрепознатливите филмски шапки“, изјавил Брендон Алингер, директор на аукциската куќа.
Петтото продолжение на „Индијана Џонс“ треба да биде последниот дел во кој Харисон Форд (78) ја игра главната машка улога на бестрашен археолог.
Премиерата на филмот беше одложена неколку пати, а според последните информации, премиерата на овој филм е закажана во киносалите на 29 јули 2022 година.
Ова продолжение на филмот ќе се прикаже по повеќе од четири децении откако беше претставен првиот филм во јавноста.