Популарната холивудска актерка Селма Хајек откри дека за малку не починала од коронавирусот и дека „доктоите ја молеле да престојува во болница бидејќи состојбата и била крајно сериозна“.
Актерката раскажа дека во првите денови од пандемијата на ковид-19 имала фатален облик на овој вирус и дека седум недели ги поминала во изолација приклучена на кислород во својот дом.
„Докторот ме молеше да одам во болница бидејќи состојбата ми беше многу лоша“, изјави актерката и додаде:
„Не благодарам, подобро би умрела во домот“, изјави Селма.
Последиците од прележаниот коронавирус се постојан замор и пад на енергијата, што особено ги почувствувала на снимањето на филмот за „Гучи“ во кој глуми покрај Лејди Гага и Адам Драјвер.