Седум од вкупно осум обвинети признаа вина на денешното рочиште за настаните пред Собранието. Тие кривично се гонат бидејќи го искршиле Собранието и повредиле полицајци за време на протестите против Францускиот предлог.

Тие се согласија дека доброволно го даваат признанието и се каеја за стореното.

Младен Ристовски, Иван Јосифовски, Славчо Симоновски, Бојан Стефановски, Никола Михаиловски, Виктор Стојков, Антонијо Величковски, Штефан Шуман сега ќе чекаат пресуда. Се гонат за учество во толпа која ќе изврши кривично дело.

Според обвинението, тие ја оштетиле собраниската зграда и повредиле 23 полицајци, од кои еден потешко.