Компанијата „Хансон Роботикс“ од Хонг Конг стои зад еден од најпознатите хуманоидни роботи во светот – Софија, која, меѓу другото, се прослави велејќи дека луѓето треба да бидат уништени.
Дејвид Хансон, основач и прв човек на компанијата за странските медиуми изјави дека светот по ковид-19 ќе биде друго место, некои работи ќе се сменат, а една од тие работи е потребата за повисоко ниво на автоматизација. Тој смета дека за индустријата на роботиката, коронакризата е одлична можност.
Можностите што им се отвораат на роботите се големи, а самата Софија вели дека роботи како неа можат да се користат во здравството, но и за грижа на стари и болни лица.
Хансон вели дека неговите роботи се уникатни затоа што навистина изгледаат како луѓе, што според него може да биде многу корисно во овие времиња кога луѓето се чувствуваат осамени и социјално изолирани.
Професорот по социјална роботика, Јохан Хорн, кој ја проучувал Софија, се согласува со Хансон. Според него, иако роботиката е сè уште во почетна фаза, пандемијата навистина може да ја зголеми врската помеѓу луѓето и роботите.
Сепак, здравството е само една од индустриите во кои роботите би можеле да помогнат, па Хансон најави производство и продажба на илјадници роботи, „големи и мали“, за различни сфери на деловно работење – од авијација до малопродажба.
Еден од новите роботи што ги развиваат е Грејс, кој ќе се појави на пазарот оваа година, а ќе биде наменет за здравствениот сектор.
Makers of Sophia the robot plan a mass rollout https://t.co/sn7T4N3wGR pic.twitter.com/ousQsWxEWs
— Reuters (@Reuters) January 25, 2021