Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитриј Кулеба, е навреден од неподготвеноста на неговиот руски колега Сергеј Лавров да комуницира со него.

-Не гледаме никаква желба кај Сергеј Викторович да се поврземе, ниту во„ нормандскиот формат”, ниту во билатералните односи. Затоа, кога тој не одговори на мојот повик, на моето барање да разговараме за влошување на состојбата во Донбас, јас, се разбира, не бев вознемирен, не пролеав солзи, но бев навреден што нема контакт и можност да зборуваме, изјави шефот на украинската дипломатија за радио „Новое Времја”.

Уште еден дипломатски скандал на повидок по посетата на Лавров: Амбасадата на Украина бара од БиХ информации за позлатената иконата што Лавров ја доби од Додик

Според Кулеба, министрите за надворешни работи треба да имаат канал за комуникација затоа што на тој начин се регулираат меѓународните односи.

Лавров во Сараево со поддршка за Дејтонскиот договор: Народите во БиХ треба сами да одлучат

Нагласи дека тој е секогаш подготвен да разговара со рускиот колега и верува дека двајцата имаат што да си кажат.

-Во никој случај не сум антируски настроен, но сум 100 проценти проукраински. Како министер за надворешни работи, по дефиниција, не можам да бидам против која било земја. Бидејќи ние треба да работиме со секоја земја на еден или друг начин. Со некоја како со пријателска, со некоја како непријателска, со некого како добар, а со некого како несигурен партнер, но мора да дејствуваме. Затоа одлучно ги отфрлам обвинувањата дека сум антируски настроен, заклучи Кулеба. 

Извор.МИА