Полска буди убави спомени кај норвешкиот машки ракомет. Во 2016 година, Норвешка заврши на четвртото место на ЕП кое што се играше во Гдањск, Катовице, Краков и Вроцлав, а по седум години Норвежаните повторно се на полско тло, каде ќе водат битка во СП. Прв ривал на скандинавската земја ќе биде нашата Македонија, а еден од најдобрите норвешки ракометари Сагосен го даде своето мислење за овој натпревар.
„Гледаме само на следниот натпревар, бидејќи ако изгубите еден или два натпревари, веќе сте надвор од СП. Засега, ние само се подготвуваме најдобро што можеме за Македонија, а потоа ќе размислуваме за другите. Тука дојдовме да играме Светско првенство, а што ќе се случи ќе дознаеме деновиве“, рече одличниот бек
Средбата меѓу Македонија и Норвешка, која што ќе биде втора од првото коло во групата Ф, започнува од 20:30 часот. Претходно, од 18:00 часот силите ќе ги одмерат Холандија и Аргентина./Gol.mk/