Тејлор Фриц го совлада Матео Беретини со 7:6(4)/7:6(6) за да ја потврди 3:0 победата на САД над Италија во првото издание на Јунајтед купот, мешаниот подготвителен турнир за Австралија Oпен, кој го замени на календарот Хопман купот.

Advertisements

Џесика Пегјула прво со 6:4/6:2 ја совада Марта Тревизан, за Френсис Тијафоу да ја удвои предноста откако Лоренцо Мусети мораше да се повлече од мечот откако го загуби првиот сет со 6:2 поради повреда. Најдобриот италијански тенисер, Беретини го намачи Фриц, но на крајот загуби.

Американците, кои беа единствениот тим на турнирот со четири сингл тенисери и тенисерки во топ 20, претходно ги победија сите мечеви на турнирот со 5:0. /Makfax/

Прикажи повеќе