Рускиот војник Вадим Шимарин доби доживотен затвор за убивањето цивил во Украина откако минатата недела беше изведен пред суд и призна вина. Ова е прво судење за воени злосторства во Украина.
Судот во Киев денеска сметаше дека Обвинителството ја докажало неговата вина.
На 21-годишниот војник му се судеше дека застрерал 62-годишен цивил среде руската инвазија.
Престрелката се случила во селото Чупахивка, во североисточниот регион Суми. Војникот, кој е од Сибир, рече дека дејствувал по наредба на неговите претпоставени. Тој се извини и побара прошка од вдовицата на цивилот за време на судењето.
Наспроти обвинителството кое бараше доживотен затвор, одбраната се залагаше за ослободителна пресуда, велејќи дека војникот извршувал наредба.
Пресудата ќе стане правосилна дури по евентуална жалба.
Сепак, не се исклучува можноста младиот Шимарин понатаму да биде разменет за украински војници во Русија.