Руските сили ја презедоа контролата врз Соледар, соопшти денеска Министерството за одбрана на Русија. Портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков изјави дека Соледар е важен за продолжување на успешните офанзивни операции во насоката Донецк, пренесува Интерфакс.

Русите неодамна објавија дека го зазеле, но Украинците тврдеа дека нивните војници сѐ уште се во Соледар.

„За време на ослободувањето на Соледар, руските воздухопловни сили уништија три авиони и еден хеликоптер кои ѝ пружаа огнена поддршка на украинската армија, додека руската воздушна одбрана во областа на градот собори девет проектили истрелани во правец на окупираните упоришта“, соопшти Министерството за одбрана на Русија.

Според извештаите, ослободувањето на Соледар овозможува да се пресечат патиштата за снабдување на украинските трупи до Артјомовск и да се опколат преостанатите единици.

Прикажи повеќе