Американскиот претседател Доналд Трамп на комеморацијата во Пентагон порача дека САД никогаш нема да ги заборават терористичките напади од 11 септември 2001 година и дека борбата продолжува во име на 2.977 загинати.

„Денес ја обновуваме светата заклетва што првпат ја дадовме во нивно име пред четврт век. Никогаш нема да заборавиме. Затоа денес се бориме. Немаме избор. Можна е само победа“, изјави Трамп.

Пентагон беше една од целите на Ал Каеда на 11 септември, кога киднапиран авион удри во зграда, при што загинаа 184 лица.

Во говорот Трамп ја поврза борбата против Ал Каеда по нападите од 2001 година со актуелната војна против Иран, која САД ја водат заедно со Израел.

Тој им оддаде почит на американските војници кои учествувале во „војната против тероризмот“, како и на воениот персонал кој, како што рече, денес работи за да се спречи Иран да добие нуклеарно оружје.

 

Текстот Трамп на годишнината од 11 септември: Никогаш нема да заборавиме е превземен од МАКФАКС.