Русија попладнево соопшти дека се повлекува од договорот за безбеден извоз на украинското жито и друга храна, по денешните напади врз руски воени бродови кај Севастопол во Црното Море.

Според официјална Москва, станува збор за напади на воздушни и подводни дронови зад кои стојат Украина и Велика Британија. Повлекувањето од договорот кој беше постигнат летово за да се амортизира недостигот на храна во светот беше под медијација на Турција, пишува Алсат.

Прикажи повеќе