Русија го суспендира учеството во Договорот за намалување на стратешкото оружје (СТАРТ), изјави рускиот претседател Владимир Путин во своето обраќање во руската Дума.

Откако ги обвини НАТО и САД за недостиг на соработка, тој рече:

„Затоа сум принуден да објавам дека Русија го суспендира своето учество во Договорот за намалување на стратешкото оружје“.

Тој додаде дека Русија ќе изврши нови тестови за нуклеарно оружје доколку Америка го стори истото.

„На почетокот на оваа година добивме барање за инспекции на нашиот нуклеарен арсенал. Ова е апсурдно. Знаеме дека НАТО е директно вклучен во нападите врз руските објекти и сили. Тие не напаѓаат, а сакаат да воведат инспекции? Ова е апсурдно. НАТО и САД отворено кажуваат дека целта им е стратешки пораз на Русија. После тоа очекуваат да ги пуштиме во нашите капацитети? Нуклеарниот арсенал не е само во САД, туку и во Франција и Британија. Сето ова оружје се насочени против Русија. Изјавите на нивните лидери тие го потврдуваат тоа. Тоа мора да го земеме предвид“, рече Путин.

Првиот договор за контрола на нуклеарното оружје беше потпишан со САД во 1991 година. После тоа, нашите односи достигнаа такво ниво што САД и Русија рекоа дека повеќе не се сметаат за непријатели. САД го напуштија тој договор. Нашите односи пропаднаа, изјави Путин.

Прикажи повеќе