Украина и Русија размениле десетици воени заробеници, меѓу кои и четири жени. Киев соопшти дека обезбедил ослободување на 130 украински војници, а Москва соопшти дека се ослободени 90 Руси. Претходно Украина ја обвини Русија за малтретирање и убивање на воени заробеници. Вчера украинските власти повикаа на истрага за воени злосторства по објавувањето на видеото на кое се гледа како руските сили убиваат украински воен заробеник, кој беше застрелан со автоматско оружје откако рече: „Слава на Украина“. Во декември, украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека повеќе од 1.300 затвореници се вратиле во Украина откако руските трупи ја почнаа окупацијата на земјата.

Прикажи повеќе