Раперот и продуцент Др. Дре – една од најуспешните и највлијателните хип – хоп суперѕвезди е хоспитализиран откако доживеа аневризма на мозок, пишува „Би-Би-Си“.
Аневризма е проширување на абдоминалната аорта и настанува кога ѕидот на крвниот сад ослабува.
55-годишниот рапер бил пренесен во Медицинскиот центар „Ceders – Sinai“ во Лос Анџелес, објави „ТМЗ“.
Во објава на „Инстаграм“ тој напиша: – Одлично закрепнувам и добивам одлична грижа од мојот медицински тим.
Тој „мора да одмара“ по аневризмата, изјави неговиот адвокат за „Билборд“.
Во својата објава, раперот исто така напиша дека наскоро ќе излезе од болницата и ќе се врати дома, испраќајќи љубов до сите медицински лица во болницата нарекувајќи ги вистински професионалци.
Пријатели и колеги на ѕвездата постојано му испраќаат добри желби за подобро здравје, меѓу кои и Снуп Дог, Миси Елиот, Ајс Кјуб.