Директорот на ФОН Универзитетот Сефер Цаноски на својот фејбук профил, објави дека со авион во Охрид ќе и бидат донесени посмртните останки на Маја Миа Јанеска.
„Вчера министерката на претседателот на Јужна Африка ми се јави со шокантна вест и ме извести дека во петокот сабајле Маја го загубила животот во несреќен случај. Изразив сочувство до нејзината фамилија каде ме известија дека со нејзиниот вереник од Јужна Африка се слушнале за трагедијата која се случила и ветил дека заедно со авион ќе ги донесе посмртните останки и ќе биде достоинствено погребана во својот Охрид“, објави Цановски.
Маја Миа неодамна беше во центарот на вниманието на македонската јавност, откако заеднички фотографии со неа објавија актуелни политичари, меѓу кои и министерот за надворешни работи Бујар Османи и поранешниот министер за здравство, Венко Филипче.