Фудбалската репрезентација на Соединетите Американски Држави е првата од 32-те земји учесници на Светското првенство што пристигна во Катар, откако веќе слета на меѓународниот аеродром Хамад во Доха. САД пристигна од Њујорк, а авионот на “Катар Eрвејс” беше еден од првите што пристигна на новоотворениот дел од аеродромот.

Advertisements

Американската селекција ќе го започне натпреварувањето на 21 ноември со натпревар против Велс, четири дена подоцна ќе игра со Англија, а на 29 ноември со Иран. Целата американска експедиција ќе биде сместена во хотел во западна Доха, а ќе тренира на стадионот на Ал-Гарафа, оддалечен околу 15 километри.

Members of the United States national soccer team arrive with teammates at Hamad International airport in Doha, Qatar, Thursday, Nov. 10, 2022, ahead of the upcoming World Cup. The US will play their first match in the World Cup against Wales on Nov. 21. (AP Photo/Hassan Ammar)

Селекцијата на САД по единаесетти пат учествува на Светските првенства. Неодамна во Катар пристигнаа членови на селекциите на Аргентина и Јапонија, но не и нивните репрезентации./Gol.mk/

Прикажи повеќе