Можете ли да ја замислите ситуацијата во која принцот Вилијам и принцот Хари го распродаваат семејното богатство за да имаат за живот? Нормално дека не можете, а нивната прабаба се погрижила тоа никогаш да не се случи.

Наследникот и поранешниот наследник (Хари кој се откажа од титулата) имаат пари кои им ги оставила нивната прабаба, но таа не ги расподелила подеднакво.

Од 18 милиони долари, колку што им оставила, на принцот Хари, според пишувањето на британските медиуми, му припаднале значително повеќе.

Мајката на кралицата Елизабета малку поинаку ги распределила милионите, а од нејзината одлука можеме и да насетиме кој и бил „омилен правнук“.

Како што наведува Би-Би-Си, повеќето пари му припаѓаат на помладиот брат, бидејќи принцот Вилијам ќе има многу поголема финансиска корист кога ќе стане крал.

Имено, принцот Вилијам ќе има повеќе корист отколку Хари уште во моментот кога нивниот татко, принцот Чарлс, ќе ја преземе улогата која во моментот ја обавува неговата мајка, кралицата Елизабета.

Фото: EPA-EFE/PHIL NOBLE

Кога Чарлс ќе го заземе кралското место, Вилијам од него ќе го преземе приватниот имот, кој вреди далеку повеќе од тоа што им го оставила нивната прабаба.

Според изворите од британските медиуми, принцот Чарлс од недвижностите на војводството годишно заработува околу 20 милиони фунти, а дури и тоа богатство е занемарливо во однос на она што принцот Вилијам го очекува кога ќе стане крал.

Всушност, парите од нивната прабаба можат да се сфатат како мала утеха за Хари, на кој иднината, а особено сега, не му носи монархиска финансиска поддршка како на неговиот брат.