Американската академија за филски уметности која ги доделува Оскарите ѝ се извинија на актерката Сачин Литлфедер, домородна Американка која беше исвиркана на сцената пред речиси 50 години кога се појави во име на актерот Марлон Брандо во 1973 година за да ја одбие наградата што актерот ја доби за филмот „Кум“.

Advertisements

Брандо ја одби наградата за најдобар актер поради начинот на кој се претставуваат домородните Американци во американската филмска индустрија – и на негово место го испрати Литлфедер.

Академијата сега се извини што Литлфедер била изложена на необјаснива и неоправдана злоупотреба.

„Никогаш не мислев дека ќе го доживеам денот кога ќе го слушнам ова“, изјави Литлферед за „Холивуд Репортер“.

FOTO: UCLA Library Special Collection

Литлфедер, која денес има 75 години, тогаш, како 26- годишна актерка беше нападната и избегнувана од филмската индустрија по нејзиниот говор на наградите.

Нејзиниот говор од организаторите беше оквалификуван како првата политичка изјава на оваа церемонија – и всушност е почеток на трендот кој продолжува до ден-денес.

Во 2020 година, Литлфедер за Би-би-си изјави дека веднаш по говорот морала да ја напушти сцената со двајца чувари. Но, додаде дека тоа „било многу добар потег“, бидејќи била нападната од актерот Џон Вејн зад сцената кој бил „бесен на Марлон и бесен на неа“.

Музејот на филмски слики на Академијата ќе биде домаќин на настан во септември, на кој Литлфедер ќе зборува за нејзиниотнастап на Оскарите во 1973 година и за иднината на домородното претставување на екранот.

Како одговор на извинувањето, таа рече:

„Ние Индијанците сме многу трпеливи луѓе – поминаа само 50 години!, додавајќи дека смислата за хумор е нивниот начин на преживување.