Рос Едгли го собори рекордот за најдолго пливање на отворено во Лох Нес. „Патеката“ долга 79 километри ја исплива за 52 часа и 39 минути.
Екстремниот авантурист пливаше непрекинато повеќе од два дена и ноќи, на температура од пет степени Целзиусови, за да го собори рекордот во Лох Нес.
Пливањето беше отежнато и од ветровите што дуваа со брзина од 20 јазли.
- Тоа беше еден од најголемите предизвици во мојата кариера, физички и психички. Драго ми е што го направив ова и успеав, а горд сум и што ги инспирирав луѓето – изјави Рос Едгли.
Тој истакна дека би сакал да им се заблагодари на сите за огромната поддршка и неверојатното гостопримство во Шкотска. Пливањето, исто така, има за цел да ја подигне свеста за зачувување на шумите со алги во Шкотска.
- Колку подолго работев со Талискер и Парли, толку повеќе учев за морските алги и колку е важно да се зачуваат овие неверојатни шуми со алги – рече пливачот.
Го охрабрила убавината на природната средина на платото, која ја прелетал со авион.
Пливањето е во процес на ратификација од Британската асоцијација за пливање на долги патеки.