Ако портокалите се често на вашето мени, тогаш сте се погрижиле за природна заштита од карциноми што ги погаѓаат кожата, градите, стомакот, белите дробови и дебелото црево. Пиењето сок од портокал ве штити од бубрежни заболувања и ја намалува можноста за појава на камења во бубрезите.
Сепак, не прибегнувајте кон прекумерни количества овошни сокови, кои поради високата содржина на шеќер се штетни за забите. Бидејќи портокалите се полни со растворливи влакна, тие го намалуваат холестеролот и нѐ штитат од срцеви аритмии.
Тие исто така содржат многу витамин Ц и ги штитат клетките со неутрализирање на слободните радикали, кои инаку се причина за хронични заболувања. Редовното консумирање портокали ќе ве заштити од вируси и ќе го забрза варењето, а витаминот А ќе обезбеди подобар вид. Полни се со антиоксиданти, кои ѝ даваат на кожата поубав изглед, па дури и го регулираат високиот крвен притисок.
Извор: Убавина и здравје
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.