Албанија се соочува со големо невреме. Во Голема Гора состојбата е влошена во текот на попладневните часови како последица на пороен дожд и силен ветер. Патот е блокиран, a 15 туристи останале заглавени.

Advertisements

„Овде сум од 5 наутро. Погледнете што направи нашата држава, видете каков мост изгради. Водата ме носи со се што имам. Водата влезе внатре. Што да правиме, погледнете го другиот таму на сред потокот“,рече жител на Голема Гора.

Временските неприлики предизвикаа долж  албанско крајбрежје да има бранови чија висина достигна и до речиси 4 метри. Во Драч и Валона многу патишта се блокирани поради паднатите дрвја, а во многу области оштетени се мрежите за снабдување со електрична енергија. Најголеми штети има во  Скадар. Дождот и силниот ветер ја оштетија патната инфраструктура во селата и градот, а попладнево состојбата дополнително се влоши откако се излеа реката Дрим.

Слична е ситуацијата и во Косово. Најзагрозени од поплави се градовите Ѓаковица, Пеќ, Истог, Малишево и Раховец. Состојбата е алармантна, поради големите поплави.

Дождливо време и силен ветер и во Црна Гора, а во некои делови на Хрватска дебелината на снегот достигна и до половина метар. Првиот голем снег во Хрватска предизвика огромен сообраќаен хаос. Поради зимските услови и силниот ветер, сообраќајот на патните оски во правец кон Загреб е забранет за товарни возила кои превезуваат стока.

Еви Шкопи

Прикажи повеќе