Соединетите Американски Држави објавија дека ја почитуваат пресудата на Специјализираните совети против Хашим Тачи, Кадри Весељи, Јакуп Красниќи и Реџеп Сељими и ги повикаа сите страни да ја прифатат одлуката на судот, пренесуваат медиумите во регионот.
„Ја почитуваме денешната пресуда на Специјализираните совети на Косово“, изјави портпаролот на американскиот Стејт департмент за Радио Слободна Европа.
Стејт департментот објави дека САД ја поддржуваат правдата за сите жртви и нивните семејства и ја потврди својата поддршка за одговорност, фер судење и владеење на правото.
Тој, исто така, повика на избегнување на провокативна реторика по објавувањето на пресудата.
„Ги повикуваме сите страни да ја почитуваат одлуката на судот, да избегнуваат провокативна реторика и да продолжат да работат за мирна и демократска иднина“, изјави портпаролот на Стејт департментот, според написите.
Специјализираните совети во Хаг ги прогласија четворицата поранешни водачи на Ослободителната војска на Косово за виновни по четири точки од обвинението за воени злосторства, додека тие беа ослободени од обвинението за злосторства против човештвото.
Хасим Тачи и Јакуп Красниќи се осудени на по 25 години затвор, Кадри Весељи е осуден на 18, а Реџеп Сељими на 13 години затвор.
Текстот САД: Ја почитуваме пресудата против поранешните водачи на ОВК е превземен од МАКФАКС.























